Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19.08.2017 година, во црквата „Свети Георгиј“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преображение на Господ Исус Христос“
Богослужбата е со почеток во 08:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.