Скоро 1 милион евра штети од земјотресите во Охрид

Единаесет куќи ризични за живеење после земјотресите во Охрид. Најголемиот дел од нив во селото Косел во епицентралното подрачје но и во стариот де л на градот.

Според извештајот на комисијата за проценка на штетите  имало оштетување на вкупно  854  објекти  од прва, втора и трета  категорија.

Проценетата штета е речиси еден милион евра.

– Прва категорија се објекти кои се напукнати, разрушени но се за живеење, втора категорија исто оштетувања но од поголем обем и трета категорија не се за живеење такви обејкти комисијата регистрира околу 11, вели Раде Велјаноски претседател на општинска комисија за штети од елементарни непогоди.

Општина Охрид покажа спремност во справувањето со елементарната непогода минатиот месец. Експертите не очекуваат нови потреси конечно тлото се смири.

– И опсерваторијата и ИЗИИС се на исто мислење нашито регион веќе оди кон фаза на целосно смирување на тлото бидејки тие илјада и двесте триста потреси се минато и ној период на стабилизирање на тлото со се помали и поразвлечени потреси е веќе скоро завршен, вели Митко Темелкоски  раководител на ЦУК.

Постапката за обесштетување ќе  трае околу една година. Елаборатот треба да помине на Влада, а потоа охриѓани да ги добијат парите. Во јули во охридско се случија над 1300 земјотреси најсилниот беше на 3 јули со јачина од 5 степени.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани