МВР: Исчезната девојка, кражби и напад на службено лице

Полицијата во Струга трага по исчезната девојка и по крадци што украле многу пари. Денеска активна и охридската полиција.
Еве што открива  денес билтенот на полиција.

 

НК КР Струга поднесе кривична пријава против С.Џ. (37) од Тетово, за сторени кривични дела „кражба“и три кривични дела „тешка кражби на дрзок начин“. На 02.08.2017 година, во периодот од 15,30 до 20,00 часот, на градската плажа во Струга, пријавениот во згодна прилика од женска чанта одзел мобилен телефон и 5.000 денари. Исто така, во периодот од 29.07. до 05.08.2017 година, во Струга, во повеќе наврати во близина на Градскиот пазар, пријавениот при згодна прилика противправно одзел мобилен телефон и три паричници, во кои имало 580 евра и 20.400 денари.

На 17.08.2017 година во 13,45 часот во ПС-Струга, Н.В. (49) од Струга пријавил дека неговата ќерка О.В. (19) на 15.08.2017 година излега од домот и до денот на пријавување не се вратила, а мобилниот телефон и бил исклучен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.08.2017 година во 20,00 часот во ПС-Охрид, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки кражби“, во продавници за облека биле приведени В.Р.С. (22) и Г.П.Г. (27), двете од Р.Бугарија. Истите биле задржани во полициска станица и се предадени во Основното јавно обвинителство-Охрид за понатамошна постапка.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.В.(31) и против В.В. (26), двајцата од с.Баница за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 27.07.2017 година, околу 08,00 часот, на крстосницата на Бул. „Туристичка” со ул. “Бистрица”, откако од страна на полициски службеници било запрено товарно моторно возило „застава“ управувано од Д.В. а во кое била и неговата сопруга В.В., било констатирано дека истиот го управувал возилото без стекнато право за управување на моторно возило. И додека полицискиот службеник изготвувал службен материјал за констатираните прекршоци, Д.В. им рекол на неговите деца да го снимаат полицискиот службеник, а при обид да го земе мобилниот телефон со цел да престане со снимањето, двајцата, физички го нападнале полицискиот службеник и почнале да го туркаат кон камионот.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани