Бомбата била пронајдена при рушење плевна.
Вчера попладне, во 13.30 часот во СВР Охрид, Д.Д.(65) од село Ботун, општина Дебарца, пријави дека при рушење на стара плевна пронашол неексплодирана рачна бомба.
– Увид на местото извршиле полициски службеници, а бомбата е подигната од овластени претставници на Дирекција за заштита и спасување, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
