Гарантираме добри инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија кои обезбедуваат континуиран развој на Општина Охрид, истакна Перчо Божиноски кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Преку изградбата и реконструкцијата на водоводните и канализационите системи, паралелно со уредувањето на зелените површини директно се придонесува за почиста и поздрава животна средина за сите.
Гарантираме:
РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ.
Проектот предвидува изградба или доизградба на канализационен систем во населба „Гоце Делчев“ – Бараки, село Долно и Горно Лакочереј, село Подмоље, село Трпејца како и во сите населени места каде што има потреба од истата.
Се обврзуваме за:
ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НИЗ ОПШТИНА ОХРИД.
Атмосферска канализација на територија на општина Охрид. Целта е унапредување и заштита на животната средина, подобрување на условите во делот на уличната инфраструктура.
Заокружи 7 за изградба на водоводни и канализациони системи.
7 за почиста и поздрава животна средина.
7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и новото советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, повика Божиноски.
