Божиноски за МРТВ: Иако го негираат македонскиот јазик ќе постои се додека има говорители

Човекот се раѓа два пати. Еднаш од своите родители , еднаш во својот јазик, рече професорот Перчо Божиноски во јавувањето во живо во вестите на МРТВ. 

Токму на овој ден имаме чест да ја славиме благородната мисија на светите браќа Кирил и Методиј. 

 

Македонистиката е нашиот духовен родител.
Денес, токму на овој ден, ние сме сведоци за бесмртноста на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј. Македонскиот јазик нам ни е единствениот културен континуитет и идентитет низ вековите. Македонскиот јазик е наше идентификациско, национално и етничко обележје.
Поимите Македонец и македонски јазик се длабоко врежани во свеста на секој што живее на ова парче земја. Обидот за бришењето на овие основни атрибути на нашиот идентитет значи и обид за бришење на колективната меморија, отелотворена во нашата богата историска, фолклорна и културна традиција.
Еден јазик постои со неговиот јазичен идентитет. Еден јазик се раѓа и тој исчезнува само со губењето на своите говорители.
Македонскиот јазик тече низ нашиот крвоток, пулсира во нашите дамари, нѐ овековечува низ просторот и времето.
Да си го чуваме јазикот како црнка во очите, тој е душата на еден народ!, вели Божиноски. 

-„Во однос на македонскиот јазик ние ги влечиме сопствените  корени тој е нашиот идентитет. Точно е дека нашите соседи ни го напаѓаат  континуирано со години. Нашиот јазик е докажан со историски факти и ќе постои се` додека има говорители“, порача Перчо Божиноски професор по македонски јазик. 

 Целиот линк од вестите на МРТВ : 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани