Приведените ќе добијат пријави од полицијата.
На 23.05.2020 година во 20 часот, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е М.Т.(61) од Охрид. Тој, околу 18.30 часот, на улицата „Абас Емин“, во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир а потоа извршил физички напад врз Ж.Р. и С.Т. од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен е и Г.П. од Охрид-напаѓач кој на 23.05.2020 година во 15.2о часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир. Тој извршил физички напад врз Љ.Д.(59) од Охрид. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (23/24..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, две лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-2). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 46 контроли врз лица во изолација, една контрола врз лицата во самоизолација и 22 контроли на угостителски и други објекти.
