Белата флота оваа сезона го бранува езерото. Бродарите задоволни од стартот на летото.
Туристите уживаат во панорамските прошетки по Охридското Езеро. Најбарани тури се до Свети Наум , Заливот на коските во Градиште и Канео. Најбројни гости се Холанѓаните и Полјаците.
Велат намалувањето на рестрикциите и органичувањата поради пандемијата придонесоа ова лето да е подобро од претходните две.
„Има и голем број туристи кои првпат слушнале за македонија и дошле и кажуваат дека нема да им биде последен пат сакаат повтоно да ја посетат, оти навистина нудиме нешто што е слабо изрекламирано за жал во изминатиот период.Најпродавана тура ни е за Свети Наум и со бродовите и со катамараните и убава реклама правиме за градот и за езерото, вели Димитар Мато сопственик на катамаран.
Бродарите се жалат на инспекциите и поплаките на граѓаните од рекламните табли за прошетките по Охридското Езеро.
– „Од инспекциите сме на мета не не оставаат табли да ставиме , не не оставаат како да се рекламираме а само на тој начин може да се информираат туристите за понудата која ја даваме ние. 0114 Инспекции пуштаат лугето Македонци една на други се тужиме, Сите те табли се презентација на некои не му се свиѓаат но таква ни е нас работата на тој начин нудиме за да ги презентираме нашите тури, вели Мато.
Поради инфлацијата и бранот поскапувања забележително е и поскапувањето на прошетките со пловилата, но бродарите велатстанува збор за минимално зголемување на цените на билетите.
Новинар Соња Рилковска