Цела улица „заробена“ со урбана опрема.
Повторно и ова лето кракот од улицата „Партизанска“ кон „Кеј македонија“ кај студентскиот дом е затворен. Наместо улица за комотно движење на пешаците и велосипедистите до кејот , оставен е само тротоар.
Секоја година истите поплаки од страна на жителите во околината, но надлежните немаат слух. За полнење на општинската каса не се размислува ниту на естетскиот изглед на центарот на градот ниту пак на потребите на охриѓани и бројните туристи.