Изгледа дека и казните не помагаат

Изгледа дека бескрајна е сообраќајната некултура и совест кај одредени возачи.Секое лето и со години наназад, иста слика се повторува на рекреативната пешачка патека што од мостот кај каналот „Студенчишта“ води кон „Парк“.

Се возат автомобили по патеката и тука се паркираат, посебно во вечерните и раните утрински саати.Со тоа, несовените возачи сериозно ја загрозуваат безбедноста на пешаците и велосипедистите и ги кршат одредбите на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, велат од охридската полиција.Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид, вели дека само во текон на минатиот месец сообраќајната полиција изрекла десеттина сообраќајни пријави против возачи кои непрописно се движеле и паркирале на овој потег. Најавува позачестени контроли и санкции за прекршителите и додава дека казните за несовесните возачи се движат од 150 до 180 евра.Димоски кажува дека кон патеката има три приоди од кои на само еден има прописно поставен сообраќаен знак а на останaтите два од Рача и хотелскиот комплекс „Парк“, нема сообраќајна сигнализација, што е надлежност на Локалната самоуправа.Тука треба да се постават и бетонските заштитни жардинери кои сепак беа корисни во оневозможувањето на несовесните возачи да возат по патеката и тука да ги паркираат своите автомобили. Како што информира портпаролот Димоски, и во текот на овој месец, полициски службеници ќе бидат на потегот на рекреативната патека и ќе ги казнуваат несовесните возачи.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани