Наместо сон кошмари, дење мирува ноќе тресе!

И синоќа тешка ноќ за охриѓани. Ноќите станаа кошмар.

Преку ден е мирно, се случуваат неколку послаби потрси , но како се приближува ноќта така почнува да се тресе. Пвиот и најакиот потрес се случи  на четири минути после полноќ.  Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер повторно го стресе Охрид.

И овој пат на 6 км од Косел на длабочина од 2 километри земјотрсот повторно ги вознемири граѓаните. На овој земјотрес му претходеше серија од 5 потреси.  Тие се движеа со јачина  2,5 до 3,1 степен. Но по негго следеше уште една посилна серија од нови 5  земјотреси, кои се движеа од2,1  до 4,1 степен.

Охрид веќе дваесет денови се тресе, градот го напуштија огромен број домашни гости. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани