Центарот за јавно здравје ќе дава услуги и по домовите

Центарот за јавно здравје ќе дава услуги и по домовите.

 

-„Во овие студени,снежни зимски денови, доколку се чувствувате немоќни, а имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, нашите мобилни тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид каде ќе ги обават потребните услуги и ќе ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа. 
Доволно е само да се јавите на еден од нашите телефони 046 231-030 или 078 488-255, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч. каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно уредно издаден упат од матичен лекар“, информираат од Центарот за јавно здравје. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани