Центарот за јавно здравје ги повикува угостителите да ги преземат сите законски мерки за во интерес на заштита на туристите.
-„Почитувани угостители, сопственици на угостителски објекти, маркети…
Се наближуваат Новогодишните празници, период кога Охрид и Струга, а воедно и Вашите хотели, ресторани, кафулиња, маркети…, се очекува да ги посетат голем број туристи и гости. Со цел да се намали ризикот, превенира и избегне појавата на инфекции и труења предизвикани од биолошки, хемиски или физички причинител, кои можат да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето. Ве потсетуваме на законската обврска за навремено вршење на:
– здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци и сл. (на секои 6 месеци), собарки (на секои 12 месеци)
– дезинфекција, дезинсекција, дератизација на просториите во објектите (на секои 6 месеци).
Во интерес на заштита на здравјето на населението,а воеднo и во Ваш интерес, Ви стоиме на располагање за обавување на горенаведените услуги и Ве очекуваме во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга, секој работен ден од 7:30 – 14:00 ч“, повикуваат од ЦЈЗ Охрид.
