Честитка од градоначалникот Кочоски за Денот на сесловенските просветители

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, градоначалникот на Спасе Кочовски упати честитка до граѓаните, истакнувајќи го значењето на делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј за развојот на словенската писменост и култура.

Во својата порака, Кочовски нагласи дека токму со нивното дело се втемелени словенската писменост, просвета и култура, кои и денес претставуваат значаен дел од духовниот и културниот идентитет на словенските народи.

„Со нивното дело се втемелени словенската писменост, просвета и култура. Денес со почит им оддаваме признание на нивната мисија и на трајното наследство што го оставија на сите словенски народи“, се наведува во честитката на градоначалникот.

По повод празникот, Кочовски на граѓаните им го честиташе 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, посакувајќи зачувување и негување на вредностите што ги оставиле Светите Кирил и Методиј.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани