Четворица кандидати во трката за градоначалник на Охрид

За првото место во општина Охрид на претстојните предвремени избори за градоначалник ќе се натпреваруваат официјално четворица кандидати.

 

Двајца реномирани доктори, еден инженер и еден полицаец. 

Доктор Митре Милошевски е кандидатот на опозицијата Вмро Дпмне. Познат , врвен неврохирург кој долги години рбаоти во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо. Важи за народен, отворен човек, кој секојдневно добива поддршка од граѓаните. 

Доктор Константин Георгиески е интернист, сопственик на една од најпознатите приватни ординации во градот „Дарон“. Млад,  но докажан доктор со илјадници пациенти.Георгиески беше носител на листата на советници на СДСМ и заменик градоначалник во општина Охрид.  Неговата предност е што тој го наследи првото место во општината по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, па има прилика одблизу да се запознае со состојбата во општината и да ја води.

Третиот е Милчо Трендафилов Нанче инжинер и познат бизнисмен. Тој на овие избори ќе настапи како кандидат на партијата ГДУ. Неговата желба е обединување на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. 

Четвртиот со амбиции за прв човек на градот  е полицаецот Стевчо Стевоски, кој на минатите избори за градоначалник на Охрид  настапи како независен кандидат, а овој пат настапува како кандидат од Демократи. 

 Охриднет.ком

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани