Четворица охриѓани се тепале во угостителски објект во Пештани.
На 04.07.2021 година околу 01.00 часот, во близина на угостителски објект во охридското село Пештани, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.К.(30), од една, и И.Б.(43), Е.И.(26) и Д.З.(30), од друга страна, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
