Четврто издание на Трка на поезијата во Струга

Почитувани трчачи и љубители на трчањето, пред нас е четвртото издание на Трка на Поезијата во Струга. На само еден месец до завршување на пријавувањето и уште 55 денови до самиот старт сакаме да Ви изразиме голема благодарност за искажаната доверба и заинтересираност да ги пробиеме границите за кои напорно работиме 365 дена во годината.

И оваа година како и во изминатите одиме под мотото „Трчаме, рецитираме“.

Со голема чест и благодарност сакаме да Ве известиме дека нашата манифестација и оваа година има вкупно три атлетски трки:

–          БОГРАД ДЕТСКА ТРКА,

–          Рекреативна трка 5км, и

–          Главна трка 10 км.

Оваа година како и во изминатите изданија огромна чест и задоволство ни претставува и доаѓањето на нашите истакнати атлетски имиња во Македонија и доста други активни и рекреативни натпреаврувачи од други држави кои постигнуваат одлични резултати во кралицата на спортот.

Со задоволство и огромна благодарност до Хотел „БОГРАД“ и г-динот Шериф Кадриески би сакале да Ве информираме дека и овогодинешната детска трка ќе биде посветена на децата со ретки болести!

Од децата за децата!

Дополнителна чест и задоволство е и вклучувањето на локалните компании кон развивање на овој спорт со поддршка на нивните вработени во градење на здрави навики, сакам да ги поздравиме компаниите МАГНА која што на нашиот настан минатата година беше најбројна и усчестуваа со повеќе од 120 учесници, ИТ компанијата RLDatix која како и минатата година и оваа учествува со над 60 учесници, исто така и КОСТАЛ кои на настанот учествуваа со над 50 учесници, исто така благодарност до сите компании кои земаат учество активно на сите наши изданија континуирано веќе три година со ред.

За сето ова да е беспрекорно организирано и да доликува на еден врвен настан најголема поддршка од самиот старт ни е и Општина Струга на цело со градоначалникот г-дин Рамиз Мерко кој што безрезервно ја прифати и поддржа нашата идеа и визија да го развиваме Струга во атлетски град и да пренесуваме пораки за здрав живот.

Регистрацијата за четвртото издание ќе трае уште во Април месец, а можете да се регистрирате на нашиот веб сајт www.poetryrun.mk и да го закажете Вашето присуство.

Спортски поздрав од Спортска Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани