„Чист Охрид“ бара подобрување на велосипедската инфратсруктура

„Чист Охрид“ бара подобрување на велосипедската  инфраструктура. 

 

-Активистите на неформалната еколошка организација Чист Охрид, иако како заложба го има фокусот на унапредувањето на животната средина, не го изоставува и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува. Односно, сите придружни работи кои се подразбираат под унапредувањето на животната средина и квалитетот на живот.

Силно ги поздравуваме (и ги поздравивме) заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, но, нивниот концепт мора да се унапреди и доработи.

Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени.

Освен обележувањето на патеките, ситуацијата на улиците каде што се наоѓаат е идентична како порано.

Како организација бараме под итно поставување на столпчиња на патеките, со цел заштита на животот и поголема безбедност на велосипедистите во градот кои се еднакви учесници во сообраќајот.

Автомобилите доминираат, а новите патеки се окупирани од нив што го отежнува транзитирањето.

Освен ова, во иднина бараме и целосна заложба на локалната власт во подобрувањето на велосипедската инфраструктура, велат од „Чист Охрид“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани