Додека човекот е затворен во своите домови природата се возобновува. Квалитетот на воздухот е подоброен дури за 40%. Намалувањето на сообраќајот и движењето на луѓето затворањето на фабриките придонесуваат за чиста животна средина, велат еколозите.
Заборавените скриени птици, кои живеат во и околу Охридското езеро, се појавија и излегуваат на брегот. Лебедите послободно се шетаат по градските улици. Еколозите очекуваат возобновување на некои популации на риби во Охридското езеро.
– „Ова е период кога се мрестат некои риби, токму овие месеци мај април. Па во Охридското езеро тие не се вознемируваат. Колку подолго потрае оваа ситуација за рибите е подобро нема чамци, нема пловидба тие не се вознемируваат. И ќе влијае позитивно можеби ќе се зголеми некоја популација“, вели Ѓоко Зороски екологист.
Човекот неумерено експлоатирајќи и уништувајќи ја природата буди вируси, бактерии и болести. Време е да се извлечат поуки, природата треба да биде сојузник , а не покорена на човештвото.
– „ Пример е тоа што кинеските власти донесоа забрана на употреба на домашни животни како што се кучиња, други видови животни , користење на тн влажни пазари каде се продава се и сешто. Значи луѓето извлекуваат поуки. Треба да знаеме дека со секое непромислено однесување ги будиме сите лоши вирусо кои демнат на човештвото“, вели Зороски.
Според еколозите додека трае пандемијата и вонредната состојба загрозените популации животни имаат шанса да се возобноват.
Новинар Соња Рилковска
