Чувал марихуана во кола, ги „честел“ другарите

Загрижувчки е што марихуана користат се повеќе млади лица.

19,21 и 24 годишни охриѓани заработија кривична за користење марихуана.СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(19) поради постоење основи на сомнение  за сторени кривични дела ,,овозможување на употреба наркотични дроги“ и ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, против С.Б.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги“ и против К.У.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство о пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.03.2018 година околу 18.25 часот во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од второпријавениот, а прво и третопријавениот биле сопатници. Притоа, кај нив биле пронајдена и одземена марихуана.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани