Цветен тунел до споменикот „Свети Климент“ Охридски

Од денеска граѓаните на Охрид како и многубројните туристи ќе можат да пристапат до градскиот плоштад и споменикот на патронот на градот Св.Климент Охридски движејќи се по „цветен тунел„ .

Во соработка со локалната самоуправа и Ј.П.„Охридски Комуналец„ поставени  се метални конструкции  со сезонско цвеќе со впечатлив колорит.

Се надеваме дека „цветниот тунел„ ќе стане препознатлива позадина на фотографиите на многубројните туристи кои го посетиле нашиот туристички бисер.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани