Хотелиерите на брегот на Охридското езеро , кои се` уште се отворени сметаат дека треба да продолжи издавањето на ваучери за туризам .
Крајниот рок за користење на доделените ваучери во висина од 6000 денари им е до средината на декември годинава.
Доколку продолжи ваквата поддршка ќе може да се очекуваат гости во текот на зимскиот период и Новогодишните празници.
„Ваучерите мое лично мислење е добро да се продолжат тоа е до 15 декември ако не се продолжат не верувам дека ќе имаме ноекои гости бидејки нема никакви резервации“, вели Ерхан Папранику хотелиер од Струга.
Дел од граѓаните се уште не ги искористија ваучерите, некои бараа начин и да ги заменат за пари, но тоа беше невозможно.
-„Тие што имаа ваучери поголемиот дел ги искористија останатите најверојатно не ни мислат да ги искористат тие бараа некои начини како да ги заменат за пари но тоа не беше можно имаше големи контроли така и требаше да биде. Се надеваме ќе можат да ги користат во зимските центри ако се продолжи нивната важност ако не се искористат пропаѓаат“ , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Десетина поголеми хотели на брегот на Охридското езеро во неможност да ги покриваат трошоците ставија клуч на врата. До на пролет идната година нема надеж за туризмот, поради огромниот број на заболени со корона вирусот нема резервации за Новогодишните празници.
Новинар Соња Рилковска