Да се дислоцираат пловилата од Каналот Билјанини

Заради довршувањето на  градежните работи на пешачката и велосипедска патека од Билјанини извори до ресторанот “Котва“, потребно е сопствениците на пловните објекти кои се во каналот, да ги дислоцираат.

 

Општина Охрид ги известува сопствениците на бродовите, глисерите и кајчињата, веднаш да ги отстранат од каналот. Доколку сопствениците на пловните објекти не го направат тоа сами, истите ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на товар на сопствениците.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани