Да се грижиме за Галичица, да ја штитиме од пожари

Заштита на охридската убавица Галичица од пожари треба да биде обврска на сите нас а не само на Националниот парк.

Од Јавната установа-Национален парк „Галичица, информираат дека
пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор и дека голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Додаваат дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите. ЈУ Националниот парк Галичица со соопштение ги информира граѓаните за опасноста од пожари и апелира на поголема грижа и внимание.
Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Во границите на паркот постојат две излетнички места, м.в. Корита и м.в. Јадера каде е уредено и дозволење на палење оган односно правење скара. Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака ќе превземе мерки согласно законот. Истовремено потсетуваме дека строго е забрането плање на стрништата, плевели и други одпадоци. Потсетување казната за ваква активност изнесува 6000-8000 евра за правни лица, а 1500 3000 евра за физичко лице. На сите посетители им посакуваме пријатен престој во Националниот парк Галичица, со молба да не ги уништуваат природните вредности на паркот, се вели во нивното соопштение.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани