Да се отстранат паркираните возила на „15ти Корпус“

Поради изведување на планирани градежни активности, Општина Охрид упатува известување до сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на улица „15-ти Корпус“ во делот на ресторан „Панорама“.

 

Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од денес  14.04.2020 година (вторник) до завршување на градежните активности.

Моторните возила кои нема да бидат навремено отстранети ќе бидат отстранети со асистенција на Пајак-службата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани