Дали ќе се уриваат платформите вдолж брегот на Охридското езеро?

Дали ќе се уриваат платформите кои длабоко навлегуваат во Охридското  езеро?

Вдолж краајббрежието има голем број на дивоградби платформи кои се користат како угостителски објекти, а  се дел од забелешките на Унеско.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески запрашан што ќе биде со тие објекти одговори: 

 

-„Оние објекти кои имаат решенија за отстранување треба да бидат предмет на третирање и одлука како да се поспати по тие објекти. Ќе кажам дека најлесно е да се руши , јас не сум поборник за репресивни мерки меѓутоа мора да се изнајде соодветно решение. Ќе видиме и да отстрануваме ние сигурно нема тоа да го правиме во сезона“. 

Изградените платформи на кои постојат угостителски објекти од друга страна се туристичка атракција место каде туристите уживаат. 

Поградец пред три години ги сруши сите платформи и бетонски зданија на брегот на Охридското езеро од албанска страна. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани