Циклонот „Силвија“ утре повторн ќе ја посети Македонија.
Од утрешниот понеделнички ден па се некаде до среда СИЛВИЈА се интензивира па така ќе услови нови врнежи од дожд кој локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Не се исклучува можноста и за повремено ретки грмежи.За време на овој влажен бран во склоп со СИЛВИЈА локално ќе наврнат над 30 – 40 л.м2 воден талог, стои во метео прогнозата на метеорологот Славчо Попоски.И понатаму ќе остане релативно свежото време со потпросечни температури на воздухот па затоа топлата облека и натаму да биде покрај вас.За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.Од почетокот на годинава, неколку циклони меѓу кои и „Силвија“ со исклучително силен ветер и до 80 километри на час и силни врнежи од дожд, удрија врз охридско-струшкото крајбрежје предизвикувајќи поплави по угостителските објекти низ крајбрежието но и во другите градски и приградски населби.
Според УХМР од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.
