Дечко ја претепал девојката и „машки“ избегал

Натепаната девојка била пренесена во болница.

Љубовните недоразбирања со девојката, млад охриѓанец решил да ги „решава“ со тупаници. Големиот „маж“, својата физичка сила сакал ја употреби како „аргумент“ во меѓусебните недоразбирања и и се нафрлил на 21 годишната девојка а потоа „машки“ избегал оставајќи ја повредена. Таквите „мажи“ се класични силеџии и кукавици кои не знаат како да се однесуваат кон девојките и воопшто кон луѓето, тие немаат никаква култура и треба да одговараат за своето силеџиство. Вчерашниот настан ги потресе охриѓани а посебно оние кои беа свидетели на дивеењето на „големиот маж“. Според соопштението на СВР Охрид, „на 01.02.2020 година во 03,30 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен од А.К. врз неговата поранешна девојка М.С.(21), двајцата од Охрид.
Притоа, девојката се здобила со телесни повреди. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава“, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани