Дел од угостителите ги затворија локалите

Дел од угостителите  ставија клуч на врата. Поради кризата предизвикана од пандемијата,  во неможност да ги покријат тековните трошоци  ги затворија  локалите.

 

Кафулињата и рестораните  кои се` уште работат се жалат дека прометот им е намален за 60 % во однос на лани.

„Јасно  е дека за жал има случаи каде што затворањето е конечна одлука. Да се затвори еден објект одлука не е лесно да се донесе мегутоа секој си ја знае математиката јасно е дека една од можните мерки е затврањето на објектот“ , вели Михаил Мишев претседател на здружението Угостителски еснаф.

Голем дел од вработените во угостителскиот сектор останаа без работа.

„Во  Охрид бидејки е базиран да речеме генерално на сезонско работење карактерот сам по себе на работата побарува бројот на вработени вон сезона да се намали но ваквата ситуација доппринесе дополнитлено да се намали тој брј што е разбирливо“, додава Мишев.

Се очекува во следниот период да расте бројот на затворени уготителски објекти во Охрид, особено на оние кои не ги исполнуваат условите за помош во четвтиот пакет економски мерки на владата.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles