Делниците Струга Ќафасан и Пештани- Свети Наум во лоша состојба

Патниците кои ова лето патуваат на одмор за Албанија, како единствена алтернатива во регионот се жалат на лошата патна инфраструктура.

 Патот Струга Ќафасан е во ужасна состојба. Раскопани дупки и свлечишта на секои 10 метри. 

-Патот воопшто не личи на меѓудржавен пат. Целиот е дупки во катастрофална состојба се жалат патници. 

Иста е состојобата и со патниот правец од Пештани кон Свети Наум. Делницата е многу оштетена, а и претесна. Невозможно да се разминат автобус и камион……

Ветувањата со години дека ќе се рекоструираат овие два важни ппатни правци останаа само ветување. 

Social profiles