Делумно се почитуваат препораките на охридските плажи

Делумно се почитуваат протоколите на охридските плажи. Денеска посетивме неколку капалишта  на брегот на Охридското езеро.

 Повеќе гости имаше само на градските плажи, таму каде нема концесиоенри,  нема редари, ниту лежалки.

Граѓаните велат се  совесни  држат дистанца од неколку метри. 

-Внимаваме на оддалеченост  во вода исто пазимерастојание држиме повеќе од што треба. Треба да бидеме претпазливи гледаме дека лесно се шири заразата еден ако има во околината  заразен може да се заразиме, вели еден посетител. 

Според протоколите  вработените и посетителите треба да носат заштитни маски, а ограничен е и бројот на гости на плажите максимум 15 лица  на 100 метри квадратни. Помеѓу чадорите треба да има растојание од 4 метри, а лежалките ќе мора задолжително да се дезинфицираат. Секој посетител ќе мора на нив задолжително да постави пешкир.

Од Центарот за јавно здравје велат протоколите треба задолжително да се спроведуваат.  

-„Навистина се протоколите  според сите  европски стандарди, во сите турситички змји се слични овие протоколи  и она што е многу битно тоа е одговорност и сериозност кај сите посетители и капачи , вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје. 

Почитувањето на протоколите  на плажите дополнително ќе биде комплицирано   кога  ќе има поголем наплив на посетители ,  особено на градските плажи  поради тоа што со нив никој не  стопанисува , па ќе  нема кој да воведе ред меѓу гостите.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани