Обвинувањата против поранешното раководство на ЈЗУ Општа болница Охрид се невистинити, демантира секретарот Антонио Наумоски.
Охриднет во целост го пренесува демантот на Наумоски и документацијата испратена до јавноста:
-Во врска со објавата на некои портали во која се опфатени неколку поранешни и сегашни вработени во ЈЗУ Општа болница – Охрид , кои наводно биле изложени на притисоци и местенки како Секретар на ЈЗУ сакам да и појаснам на јавноста за каков приофил на работници станува збор и покрај тоа што се добро познати на охридската јавност.
Др Ристо Медароски специјалист уролог вработен во ЈЗУ Општа болница кој лично кажува нешто што веќе судот го донел во корист на ЈЗУ Општа болница и истиот се соочува со кривична пријава за попречување во извршувањне службено дејствие која ви е приложена. Во врска со не-работникот Томе Тримчев – фактурист ликвидатор можам само да кажам дека апсолутно ништо не сработил со што би добил 10 оценка , освен што своето работно време го поминува на плажа со групни пијанки во друштво на синот на медицинската сестра Донческа и истиот последователно користи шест неплатени одмори и боледувања со што има нанесено огромна штета на болницата. Би сакал да појаснам и во врска со медицинската сетра која обвинува за губење на работното место можам да кажам дека со молба потпишана и со отпремнина од лични причини го напушти работното место. Во прилог ја испраќам и молбата од медицинската сестра која ја има лично поднесено.
За тврдењата на Орхан Зекир немам коментар би сакал да можам да се уверам дека лично тој го изјавил тоа, бидејки се тешки обвинувањата па мора да провериме дали е лично од др Орхан. Сакам да додадам дека за сите дисциплински постапки се водени уредни предмети врз основа на добиени изјави и докази по што се изречени решениа врз основа на закон и истите биле предмет на контрола од државен здравствен и санитарен инспекторат, инспектор за општо управна постапка и трудов инспекторат, за што ве уверувам дека се изготвени записници, кои потрдуваат дека постапките се уредни. Обраќањето од страна на горенаведените на еден портал, вработени и бивши вработени не е ништо друго освен притисок врз новата директорка да повлече предметите против горе наведените , бидејки само на овој начин би добиле некаков спор со кој би се направила штета на ЈЗУ Општа болница. Во прилог Ви испракам целата документација која ги демантира лажните изјави во јавноста, стои во демантот на секретарот на ЈЗУ Општа болница Антонио Наумоски.
Во прилог и испратените документи: