Голем број гости беа дел од богатата “Oхридска софра”, манифестацијата со која денес симболично се одбележа крајот на туристичката сезона во Охрид.
Во живописното Скребатно, во атарот на еден од најубавите манастири “Света Богородица” уште рано утрово се распалија огновите, домаќинките ги засукаа ракавите приготвуваа традиционалните вкусни јадења по рецептите на своите мајки и баби.На охридската трпеза главно место зазеде ѓомлезето, потоа питулици, комади и други јадења подготвени под традиционалниот сач.
Манифестацијата “Охридска софра” која по петти пат се организира во Скребатно има за цел да го поттикне развојот на руралниот туризам.