Поради ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, вчера донесе одлука, денешниот ден да биде Ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид.
Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.
Со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе се одржи Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот ќе бидат изложени од 12 -14 часот во капелата на градските гробишта.
