Денес во Охрид гласаат 108 лица

Започна изборниот процес. денес гласаат затворениците и болните изнемоштени лица.

 

Во општина Охрид денес правото на глас може да го остварат  12 затвореници и 96 болни изнемоштени лица. 

-Се е подготвено за изборниот процес утре. На избирачкиот список на општина Охрид запишани се вкупно 52858 гласачи, кои своето право на глас може да го остварат на 88 избирачки места,  вели  Димитрие Вревезоски претседател на ОИК  во изјава за Охриднет. 

  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани