Денеска и Охрид во жолта алертна фаза

Денеска и Охрид влегува во жолтата алертна фаза со многу топло време и натпросечна максимална температура.

Според УХМР, денеска жолта алертна фаза е најавена во Охридско, Преспанско, Тетовско, Гостиварско, Кичевско, како и во југоисточните делови на Македонија. Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.За попладне е најавена локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Топлото време според најавите ќе продолжи до крајот на месецот кои насекаде ќе надминуваат 30, а долж Повардарието и 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани