Охриѓанка украла ,,Drag glide” бела боја

Охриѓанка, сред бел ден украла ,Drag glide” бела боја.

41 годишна охриѓанка, во близина на поштата во Охрид забележала преубав ,,Drag glide” велосипед бела боја кој чинел 19.000 денари. Таа не се двоумела многу и едноставно си го украла. Не знаеме колку кругчиња свртела со велосипедот но нејзиното задоволство да го вози белиот „Drag glide” убавец кратко траело. Полицајците и ја „уништила“ забавата и и го одзеле велосипедот а потоа, за стореното „дело“ ја наградиле со кривична пријава. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (41) од Охрид.

-На втори мај годинава, во времето од од 11,30 до 12 часот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, пријавената на булеварот „Македонски просветители“ во близина на „Македонска Пошта“, забележала а потоа и одзела женски велосипед марка ,,Drag glide” бела боја, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавената А.К. со извршување на казненото дело „кражба“ се стекнала со противправна имотна корист во висина околу 19.000,оо денари.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани