НБМ ќе кова нови монети од 2 денари

Преку објавен оглас, Народната банка на Република Македонија нарача ковани пари со апоенска вредност од 2 денари.

Кованите пари со апоенска вредност од 2 денари, без ДДВ, имаат проценета вредност  од 34.000.000 денари или 550 илјади евра. На Бирото за јавни набавки, НБМ објави оглас за прибирање понуди. Критериум за доделување на набавката е најниската цена. Претходно Народната банка на Електронскиот систем за јавни набавки објави оглас за печатење на апоените од 10 и 50 денари и за тоа ќе плати 127 милиони денари без ДДВ или околу 2 милиони евра. Се работи за печатење на 25 милиони парчиња во апоени од 10 денари и 15 милиони парчиња апоени од 50 денари. Вкупната вредност на новите апоени кои ќе бидат пуштени во оптек е милијарда денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани