Денеска се одбележува денот на Балканските Египќани

Промоција на документарец и изложба на стари фотографии за меѓународниот ден на Балканските Египќани.

По повод 24 јуни меѓународниот ден на Балканските Египќани, денеска напладне во Струга ќе се промовира документарен филм посветен на заедницата на Балканските Египќани и ќе има изложба на стари фотографии, со што ќе се покажат традицијата и историјата на заедницата.Настанот ќе се одржи во клубот „Комбинати“ во Струга.Инаку, одлуката-24 јуни да се одбележува како Меѓународен ден на балканските Египќани е донесена на вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани одржан во 2010-та година во Струга.Најпознатиот египетски археолог Захи Хавас, по повод празнувањето на 24 јуни, Денот на балканските Египќани, овие денови е на мини турнеја низ Македонија и Косово. Во Македонија се сретна со министерот за култура Асаф Адеми, ги посети Музејот на Македонија, Археолошкиот музеј и археолошкиот локалитет Стоби.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани