Депонирани вреќи сол и ризла на повеќе локации низ Охрид

На повеќе локации депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи.

-Вреќи сол има: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ (бараки), по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово, информираат од општината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани