Депортиран научник од Комумбија, кој доаѓаше на конференција Охрид

Научник од Колумбија, кој од утре требаше да присуствува на конференцијата за блатни системи , итно депортиран од Македонија. Жената од Колумбија немала виза за Р Македонија. 

 

Невладината Охрид СОС обвинува дека станува збор за скандал во пресрет на одржувањето на научната конференција на „Society of Wetland Scientists“ за блатни екосистеми во Охрид, на која се најавени бројни ученици од странство.

– „Залудно и таа и нејзиниот сопруг, исто така научник, им објаснувале на припадници на МВР / МНР дека таа го исполнува третиот услов за дозволен влез во Република Македонија објавен на интернет страницата на МНР. На оваа страница јасно пишува дека тие што имаат шенген виза со повеќе влезови не треба да имаат и македонска виза за да влезат во Република Македонија“, објави Охрид СОС на „Фејсбук“.

 Инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Скопје вчера околу 20 часот кога бил експресно депортиран научник со колумбиски пасош кој само што пристигнал со авион од Цирих, а живее и работи во Швајцарија.

Social profiles