Охриѓани бараат да се уредат велосипедските патеки на „Туристичка“

Да се асфалтираат и уредат пешачките и велосипедските патеки низ Охрид, бараат граѓаните.

Апелот е до надлежните што  деновиве ја асфалтираат булевар  Туристичка кај Билјанини Извори во Охрид. 

-„Ставете асфалт на  пешачката и велосипедската патека, а не само за моторните возила, во ужасна состојба се и многу опасно место е и со точак по постојните патеки не е возможно нормално да се вози!  Се работи за 200 метри асфалт!“,апелира Љупчо Стојкоски Лепи. 

Пред две вечери во близина на бензиската пумпа „Билјанини извори“ автомобил удри велосипедист, вистинска среќа е што детето преживеа. 

 

 

Social profiles