Десетина кражби ноќеска во Охрид

Изминатата ноќ во Охрид се случија  десетина кражби. 

Непознати арамии „оперирале“ во центарот на градот. На мета биле куќи, кафулиња и ресторани. 

Во еден угостителски објект е украдена цела метална каса. 

-„Утрово кога го отворивме ресторанот забележавме дека ја нема цела метална  каса со утринскиот промет, пари,  кои редовно се внесуваат за дневна работа. Пријавивме во полиција дојдоа  на увид. Забележавме дека едната врата е обиена и од таму влегле крадците“, велат за ОхридНет.ком  од еден угостителски објект од центарот на Охрид. 

Кражбите се случија  ноќта помеѓу Водици и Денот на рибарите. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани