Десеттина вреќи отпад собрани кај „Паднатите боррци“

Десетина вреќи со секаков вид отпад денеска беа собрани од страна на активистите на Чист Охрид во месноста кај „Паднатите борци“, каде според она што го воочивме на терен, односно, собраниот отпад, претставува собиралиште претежно за млади луѓе, но и за рекреативци.


Истовремено, мораме да потенцираме дека целиот овој простор има недостиг од канти за одлагање отпад, кои тука се повеќе од потребни.
Се надеваме дека во најбрзо време ќе се регулира овој проблем, но и дека посетителите одговорно ќе се однесуваат кон својата околина.
На наше големо задоволство, на оваа 39. акција на нашата неформална еколошка организација се приклучија неколку нови лица.
Ги охрабруваме сите граѓани, да не следат и да ни се приклучат, со една цел, а тоа е чист Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани