Детали за полициската акција кај Рача

Уапсените разработиле „шема“ за транспорт и комуникација, сега се во притвор.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење на основано сомневање дека неовластено произведувале и пуштале во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Осомничените на 18 јули неовластено пренесувале 47,745 килограми марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама кокаин. Дрогата ја ставиле во возило „форд Ц макс“ кое било управувано од 53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „фиат пунто“ се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога првиот бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило почнал да бега во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници. Со цел обезбедување на натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани