Охриѓанец дилер со марихуана му продал дрога на турски државјанин.
Турскиот државјанин Ф.Б. марухуаната ја купил од охриѓанец на кого му платил 50 евра.Турчинот бил пресретнат од полицијата во Скопје кои му направиле претрес во неговиот стан. Тука нашле три тегли со марихуана подготвени за продавање. Турчинот „заработил“ кривична пријава а полицијата треба да го открие дилерот на марихуаната од Охрид. Според полициското соопштение, СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б. (29) од Р.Турција, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 од КЗ на Р.Македонија. Имено пријавениот во текот на септември годинава од засега непознато лице од Охрид за сума од 50 евра, набавил наркотична дрога – марихуана, која ја препакувал во помали паковки што потоа ги продавал на уживатели од Скопје. На 27.09.2017 година во 12,30 часот од полициски службеници постапувајќи по судска наредба го затекнале Ф.Б. во стан на ул.“Казанџиска“, при што во една од просториите откриени биле три тегли со марихуана и една паковка со марихуана. Пронајдените предмети биле одземени и со наредба од ОЈО-Скопје биле предадени на вештачење кое утврдило дека пронајдената марихуана е со вкупна нето маса од 25,18 грама. Пријавениот Ф.Б. е лишен од слобода и со истиот бил извршен разговор во кој што тој го појаснил начинот на купопродажба на наркотичната дрога.