Следната година министерот се очекува да се вози на дел од автопатот Охрид Кичево.
Од Охрид до Врбјани ќе биде во функција, а другитот дел да се изгради и да се стави во употреба согласно рокот во 2021 година.
Планираме наредната година да се обидеме триесете километри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме и да може да се вози по тој пат, по тој дел од автопатот Кичево-Охрид, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Тој исто така рече дека кинеската Еским банка ги известила институциите дека ќе бидат исплатени резервираните 200 милиони евра од првиот кредит и 180 милиони од вториот кредит и очекува динамизирање на активностите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.