Доаѓаат есенски дождови и пониски температури

После натпросечно високите температури скоро цел октомври, доаѓаат есенски дождови.

 

Од понеделник температурите во Охрид ќе се движат од 7 до 13 степени.

Поради спуштање на влажна и студена воздушна маса од север, од недела попладне времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег.

Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 8 до 10 степени.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани