Велештанец демолирал казино и ги „плашел“ полицајците со бомба

Велештанецот се заканал со активирање бомба а бил приведен кога ја ставил раката во торбата.

Поради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, на 19 октомври оваа година околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата Маршал Тито“ во Струга приведен е П.К.(45) од струшкото село Велешта.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, претходно, тој влегол во казиното и со заканувачки зборови, од благајникот побарал пари по што, почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата.
-Неговиот агресивен однос продолжил и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале. Кон нив упатувал серија закани и навреди, фрлал со предмети при што го оштетил предното стакло од полицискиот автомобил. Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека ќе ја активира бомбата што ја носел. Со брза реакција, тој е совладан и лишен од слобода, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани