Незаконското градење на минарето под превезот на Проектот за реставрација и конзервација продолжува.
-„Никој од надлежните мува не го лази.. Завод и музеј, инспекторати, Управи,партии општина, в.д градоначалник .. Па зошто ве плаќаме бе луѓе зошто го јадете лепчето, а ништо не работете.. Или одите само каде негде некој изградил оџак или отворил пенџере да му пишите казни.. Срам да ви е срамете се.. Ќе бидете запишани како најголеми подржувачи на исламизацијата на балканскиот Ерусалим градот Охрид ! Како и да е ќе си видите за брзо што ќе доживеете на изборите .. Изневерените граѓани ви спремаат Црвен Картон дечки !„ пишуваат од Здружението на граѓани „Совест“ Охрид.
Пред неколку денови при посетата на министерот Сугарески во Охрид н новинарско прашања што со незаконското градење на минарето. тој топката ја префрли на Завод и музеј Охрид.
-„Како што сум информиран е дека се постапува . Ако повторно се гради Завод и музеј треба да ја утврди целокупната состојба доколку има недостатоци и активности да се донесат соодветни решенија“, рече Сугарески.
И додека сите ја префрлуваат вината еден на друг минарето секојдневно „расте“ се повисоко. Планот е да се изгради 32 метри високо минаре на што негодуваат граѓаните, бидејки еден таков објект во срцето на Охрид ќе ја промени визурата на градот.

